Кавадарци, 27 јануари 2015 (МИА) - Лозарите кои ќе подигаат нови лозови насади да купуваат сертифициран саден материјал за да можат да користат државни стимулации, информира денеска Лазе Стамаџиев, референт во кавадаречката работна единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството.
- За да остварат право на субвенции неопходно е да покажат сертификат, декларација за лозовите калеми, уплатница, фискална сметка и почвена анализа, појасни Стамаџиев.
Според земјоделците, кои се обратиле за совет во работната единица на Агенцијата, најголем бил интересот за лозови калеми за трпезните сорти грозје „мускат италија“, „викторија“, „афусали“ и „кардинал“. Од винските, најбарани биле „темјаника“, „смедеревка“ и „вранец“.