Анкара, 27 јануари 2015 (МИА) - Централната банка на Турција ја намали прогнозата за инфлацијата за 2015 година на ниво од 5,5 отсто, пишува турскиот весник на англиски јазик „Хуриет дејли њуз“.
Претходно, Банката прогнозираше дека инфлацијата во Турција оваа година ќе изнесува 6,1 отсто.
Гувернерот на Банката, Ердем Башчел истакна дека турската централна банкарска институција очекува за 2016 година просечното ниво на инфлацијата да изнесува пет проценти.