Грчката влада ќе врати на работа околу 3,5 илјади отпуштени работници

Атина, 29 јануари 2015 (МИА) - Грчката влада ќе врати на работа околу 3,5 илјади отпуштени работници, соопшти денеска заменикот министер за надворешни работи и административна реформа Јоргос Катрунгалос, за телевизијата Скај. 

Во период од еден месец на работа ќе бидат вратени меѓу 2,5 и 3,5 илјади државни службеници, што се отпуштени од претходната Влада или биле префрлени во „резерви“. Тоа во најголем дел се чистачки, училишни чувари и професори по технички предмети, нагласи Катрунгалос. 

Според него тоа не се нови вработувања, туку враќање на претходно извршените противзаконски отпуштања. Катрунгалос нагласи дека во бројката од 3,5 илјади државни службеници не се и вработените во државната радиотелевизија ЕРТ. 

Катрунгалос најави дека вработените од ЕРТ, исто така, ќе бидат вратени на работа, но дека тоа е во надлежност на друго министерство. 

Според грчките медиуми владата на Алексис Ципрас планира да врати на работа околу 7,500 лица, иако тоа не е особено голем број. Во држаните претпријатија и организации во моментот работат околу 600 илјади луѓе, што е за 200.000 помалку во споредба со пред четири години. 

Новиот министер за труд Панос Скурлетис објави дека владата планира да ја зголеми минималната плата во земјата од 580 евра на 751 евро.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...