Отсега плаќање царина и со кредитни картички

 

Блаце, 29 јануари 2015 (МИА) – Граѓаните и економските оператори на сите гранични премини во земјава ќе можат царинските давачки да ги платат безготовински - со електронска картичка. Инсталирани се вкупно 24 пост-терминали на Царинарницата Скопје, Битола, Куманово и Штип.

 - Со оваа можност граѓаните и економските оператори веќе нема да имаат потреба да патуваат до најблискиот град или до најблиската филијала на пошта и комерцијалните банки, ниту да чекаат на ред пред нивните шалтери за да ги уплатат давачките поврзани со царинското работење, туку ќе ги добиваат на едно место во царинските испостави каде се спроведуваат царинските формалности, изјави директорката на Царинската управа Наташа Радеска-Крстевска денеска на промоцијата на воведувањето на можноста за безготовинското плаќање.

Таа додаде дека ова се воведува со цел да се обезбеди квалитетна и брза услуга за граѓаните следејќи ги најмодерните трендови за безготовинско плаќање.

 Според Радеска-Крстевска, ова е уште една реформа што Царинската управа ја воведува со цел гаѓаните и економските оператори полесно и побрзо да ги извршуваат плаќањата независно од висината на износот што е поголема поволност во однос на веќе воведената можност за плаќање на административните такси во износ до 250 денари преку СМС-порака.

 Царинските давачки граѓаните и економските оператори може да ги плаќаат со картичките на „маестро“, „мастеркард“, „виза електрон“, „виза“, како и картичките за домашна употреба што се издаваат од сите домашни и странски банки.

Во текот на минатата година Царината наплати нето буџетски приходи при увоз и внатрешен промет во износ од околу 63 милијарди денари што е за два отсто повеќе приход во однос на 2013 година.

Царината проектот го започна во октомври минатата година кога беше распишан јавен повик за избор на најповолен понудувач за воведување безготовинско плаќање преку пост-терминал.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...