Темелковски: Општините да обезбедат локации за складирање електричен и електронски отпад

Скопје, 29 јануари 2015 (МИА) - Министерството за животна средина и просторно планирање ќе продолжи со кампањата за подигање на јавната свест за воспоставување одржлив систем на управување со електричен и електронски отпад, истакна заменик министерот Стево Темелковски.

На денешната прес-конференција за „Состојбата со системот за отпадни батерии и електричниот и електронски отпад во Република Македонија“, тој посочи дека очекува градоначалниците да продолжат со активностите за воспоставување на структурата за имплементација на Законот, чија имплементација почна од 1 јануари годинава. 

- Oпштините се обврзани да воспостават локации каде граѓаните ќе може да ги складираат неискористливите апарати. Процесот е во тек. Град Скопје има формирано собирен центар, во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, a системи за одлагање електричен и електронски отпад се градат и во Охрид, Кочани..., рече Темелковски.

За несоодветно одлагање на ваквиот отпад следува глоба од 60 евра за граѓаните, а за контрола задолжени се инспекторите за животна средина. 

Искористената електрична и електронска опрема во Македонија, според заменик министерот, најчесто се остава на несоодветни места, во близина на сопствениците или се чува дома. Според истражувањата, 19 отсто од населението во Македонија дома чува телевизор кој не го користат, 29 проценти има барем по еден стар телефон, 22 имаат по еден замрзнувач, 17 чуваат неискористени шпорети, а 33 проценти имаат неискористена информатичка опрема.

Производителите и увозниците на ваков отпад имаат обврска да плаќаат надомест за производите што се увезени или произведени  и пуштени на пазарот во Македонија. Досега регистрирани се 450 увозници или производители на електронска опрема.

Управителот на Нула отпад, Марјанчо Дамески информира дека интересот кај компаниите што увезуваат или произведуваат електричен и електронски отпад се зголемува, но тие не се доволно информирани и не знаат како треба да се спроведува.

Норвешкиот амабасадор во Белград Нилс Рагнар Камсваг, со чија помош се реализира проектот за отпадни батерии, оцени дека вклученоста на училиштата во реализација на проектот е голема. - Тоа не само што ги вклучи младите луѓе за подигање на свеста, туку и ги вклучи во решавањето на проблемот, рече Камсваг.

До крајот на 2020 година предвидено е во Македонија да се соберат најмалку четири килограми по жител годишно отпадна опрема од домаќинствата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...