Во Кавадарци претставници на Вардарскиот плански регион за комуналниот отпад

Кавадарци, 29 јануари 2015 (МИА) - Претставници на Вардарскиот плански регион меѓу  кои и градоначалниците на неколку општини,  како и претставници на две земји од Европската Унија денеска во Кавадарци разговараа за комуналниот отпад.

Градоначалникот на Велес Славчо Чадиев, по средбата информира дека повеќе меѓународни институции сакаат да разговараат со градоначалниците од регионот за ова прашање. 

Тој нагласи дека приоритет на регионот е локалниот економски развој на сите девет општини во него.

- Со задоволство можам да констатирам дека засега Вардарскиот е регион кој почна да предничи во однос на другите региони благодарение на соработката помеѓу општините и резултатите кои ги постигнуваме, додаде Чадиев.

Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов истакна дека целта е наместо досегашните девет сметишта во иднина да има две или една легална регионална депонија.

- Имаме претставници на компании од Чешка и Италија кои ќе ни дадат различни понуди како потенцијални инвестотори, но сепак крајната одлука  ќе биде наша зашто сакаме целата работа да ја изменаџираме така што нема да биде на трошок на граѓаните, нагласи Панов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...