Ставрески: Со отворањето на Костал ќе се реализираат околу 1.000 вработувања

Скопје, 29 јануари 2015 (МИА) - Со реализацијата на неколку инвестиции коишто се веќе во завршна фаза и потврдени од странските инвеститори, во делот на вработувањата и во делот на перспективите што се отвораат, за граѓаните од охридско-струшкиот регион можам да кажам дека претстојат подобри времиња, истакна министерот за финансии Зоран Ставрески одговарајќи на прашање на пратеничката Нола Исмајловска.

- „Костал“ е реномирана германска компанија, која што работи во делот на мехатрониката и производството на авто делови за најпознатите светски компании, како што се мерцедес, бмв.... Значи произведува електрични делови за прозори и за други компоненти на автомобилите за овие гиганти, што значи дека главно тие ќе бараат инжинери и стручни лица во овие области како што се електронската, мехатрониката и слично, рече Ставрески.

Појасни дека со оваа инвестиција ќе се отвори работа за луѓе со високо и средно стручно образование и за одреден број на економисти и правници. Вкупната бројка на вработување што е најавена е околу илјада лица, со перспектива и понатама да расте доколку се реализираат и неколку дополнителни планови најавени од „Костал“. 

Вицепремиерот Ставрески информираше дека со претставниците на Германската компанија разговарале за нивното барање да изнајмат една од халите на ЕМО со што би ја започнале нивната инвестиција а подоцна и со изградбата на зоната „Костал“.

-Тоа е планот на „Костал“ и Владата. Согласно со тој план, што значи дека при вработувањето и при објавувањето на огласите очекувам да има добри вести за голем број на граѓани на Струга и на Охрид коишто ги исполнуваат условите,  што ги спомнав, односно коишто ќе ги бара инвеститорот, истакна Ставрески и информир дека Владата е во преговори и со други компании за овојрегион.

Потенцира дека регионот на Охрид и Струга нуди добри услови во делот на инфраструктурата, а што се донесува до Владата и општите услови за водење бизнис тие се меѓу најдобрите во светот.

- Како што знаете  пласирани сме високо на индексот на Дуинг бизнис и оценети сме од бројни инвеститори како земја што е лидер во регионот според општите услови за бизнис, што значи добра бизнис клима и ниски трошоци за компаниите вклучително ниски даноци и како посебен сегмент е квалификуваната и стручна работна сила со која што располага Македонија, истакна Ставрески.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...