Ставрески: Вкупно 480 лица добија средства со проектот „Купи куќа-купи стан“

Скопје, 29 јануари 2015 (МИА) –  Вкупно 480 граѓани досега добија средства со помош на проектот „Купи куќа-купи стан“, рече министерот за финансии Зоран Ставрески, одговарајќи на пратеничко прашање попладнево на собраниската седница.

Додаде дека само во последниве два-три месеци на над 150 лица им се одобрени субвенции, со што тие ја искористија можноста за решавање на прашањето на сопствен дом со помош на овој проект.

Ставрески смета дека проектот „Купи куќа, купи стан“ е еден од најзначајните проекти на Владата на РМ, кој е во корист на граѓаните, посебно на помладите категории, односно на лицата кои го немаат решено прашањето на сопствен дом.

Ова, според него, е одлична шанса со помош на Владата и на Буџетот на РМ заинтересираните да добијат значајни средства во вид на субвенции кои, како што појасни, за кредит од 50 илјади евра се движат меѓу девет и 14.000 евра зависно од моделот што граѓанинот ќе се одбере и зависно дали се работи за стан или куќа.

- Ако одберат модел половина од месечната рата за кредит од 50 илјади евра, за кој ратата е околу 320 евра, тоа би значело дека граѓанинот би плаќал 160 евра првите пет години, а 160 евра месечно ќе му помага државата, појасни министерот и додаде дека доколку кредитот е помал, односно изнесува 40 или 30 илјади евра овие изности се помали.

Посочи дека на саемите кои се организираа во Сити мол и во Рамстор граѓаните директно можеа да се сретнат со претставници на банките, на Министерството за финансии и на градежните компании кои ги градат становите или што овозможуваат изградба на куќите. - На саемите граѓаните на едно место можеа да ги добијат потребни информации, а тоа помогна да се интензивира интересот за овој проект, рече Ставрески.

Потсети дека врз база на зголемениот интерес отворена е и Канцеларија во зградата  на Министерството за финансии посеветена на овој проект, која работи секојдневно меѓу 10 и 15 часот. Во канцеларијата граѓаните кои се заинтересирани за овој проект може да ги добијат потребните информации и совети.

- Дневно доаѓаат околу 30 лица  да се инфирмираат за овој проект што соодветно се одрази и врз на бројот на лица на кој им е одбрен кредите и државни субвенции, рече Ставрески.

Министерот за финансии истакна дека нивните очекувања се проектот „Купи куќа, купи стан“ да продолжи и во 2015 година, а доколку има интерес од граѓаните и во наредните години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...