Членови на СОНК бараат од раководството прекин на штрајкот

Скопје, 30 јануари 2015 (МИА) - Членови на СОНК кои не ја поддржуваат одлуката за штрајк од лидерот Јаким Неделков побараа итно прекинување на штрајкот, а правата и состојбите во образованието да се унапредат преку социјален дијалог.

Зоран Ристевски, член на СОНК, изјави дека единствен постигнат ефект од штрајкот се поделби меѓу наставниците и непотребни конфликти и нарушување на добрите односи меѓу наставниците и родителите и претворање на учениците во заложници на  лични цели и амбиции на група луѓе. 

- Штрајкот на раководството на СОНК е неуспешен затоа што е јалов обид за лична промоција која нема поддршка од мнозинството членови на синдикалната организација. Се надеваме дека разумот ќе преовлада, страстите ќе се смират и со ладна глава нашето раководство ќе размисли и ќе одлучи да го послуша најголемиот дел од членството, рече  Ристевски. 

Тој е загрижен зашто пропуштената настава веројатно ќе треба да се  надомести за време на викенди или во летниот распуст, а нивните колеги кои се во штрајк  ќе имаат помала плата за јануари.

- Тоа треба да им го надомести синдикатот, но досега не добивме јасен одговор од раководството, додаде Ристевски. 

Според него, над 85 проценти од училиштата работат и повеќе од 90 отсто од наставниците се на своите работни места.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...