Обука за услугата на клиентите како маркетинг алатка

Скопје, 26 февруари 2015 (МИА) -  Пренесување искуства од други земји за воспоставување системи кои подобро ќе одговорат на барањата на клиентите и промовирање добри деловни практики меѓу членките на Американската стопанска комора во Македонија беше целта на обуката „Услугата на клиентите како маркетинг алатка“ што денеска во Скопје ја спроведе Барбара Опершал, долгогодишен директор на Бест Вестерн Централна Европа. 

Како „регионален линк“ меѓу седиштето на компанијата во САД и земјите во Централна Европа, Опершал е задолжена за изнаоѓање решенија кои ќе бидат прифатливи за сите инволвирани страни притоа имајќи ги предвид глобално востановените стандарди и процедури.

- Денес повеќето клиенти се подобро информирани, бараат повеќе и имаат многу помалку трпение споредено со пред 10 години. Повеќе не е доволно само да се има општо познавање за тоа кои се вашите клиенти и кои од вашите производи се продаваат најдобро на вашиот пазар. Вие треба да знаете, како дознале за вашиот производ, зошто го избрале и што е најважно колку се задоволни од него, потенцира Опершал.

Таа се осврна на очекувањата на клиентите и истакнување на нивните потреби со цел да се понудат креативни решенија кои пријатно ќе ги изненадат, како и за начинот на кој компаниите треба да ги третираат жалбите, сметајќи ги како нови можности, а не закани. Исто така, ги објасни и мерките кои неопходно треба да се преземат за да се обезбеди квалитет на услугата и кои ќе осигурат задоволни клиенти.

- Ми претставува огромно задоволство што сум повторно тука после десетина години и можам слободно да кажам дека македонскиот народ го краси природна гостопримливост. Оваа карактеристика, што се однесува на одговарање на барањата на клиентите, уште од самиот почеток ја става вашата нација во подобра позиција во однос на многу други нации, порача Барбара Опершал.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...