Нема пари за Грција ако не ги исполни дадените ветувања

Берлин, 27 февруари 2015 (МИА) - Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле синоќа изјави дека Владата во Атина „нема да добие ниту цент“ финансиска помош, се додека не ги исполни дадените ветувања.

- Прашање е само дали може да и се верува (на Грција за исполнување на ветеното) или не. За тоа постои дилема во Германија, рече Шојбле.

Тој, сепак, нагласи дека го подржува постигнатиот договор на Владата на новиот грчки премиер Алексис Ципрас со земјите од еврозоната.

Изјавата на Шојбле доаѓа пред денешното гласање во германскиот Бундестаг околу ратификацијата на спогодбата со Грција за продолжување на финансиската помош од ЕУ, Европската централна банка и ММФ за уште четири месеци.

Актуелниот договор за финансирање меѓу Атина и „тројката“ кредитори истекува утре.

Со новопостигнатата спогодба, Влада во Атина има рок до крајот на јуни да ги реализира ветувањата за реформи што им ги даде на земјите од еврозоната, за може да добие нова помош за одржување на грчката ликвидност.

Новата програмата од реформски мерки на Владата на Ципрас предвидува пресметка со даночните затајувања, борба против корупцијата и продолжување на приватизацијате што ја започна претходниот владин Кабинет.

Со реформи се предвидува и ограничување на растот на најниските плати, проемни во јавниот сектор, запирање на натамошните буџетски кратења, намалување на бројот на министерставата, укинување на статусот „специјален советник“ во владината админстрација и на нејзините бенифиции, како и решавање на „хуманитарната криза“ во најсиромашните слоеви без зголемени буџетски трошења.

Повеќето од овие реформски мерки беа и претходно сугерирарни од „тројката“, која Сириза и останатите левичарски партии, ја обвинуваа за наметнување „понижувачки мерки“ за Грција.

Коалицијата на радикалната левица (Сириза) победи на јануарските вонредни избори, носени од антиевропската реторика што ја наметаа ултралевичарските и националистичките партии, ветувајќи им на гласачите раскинување на договорот со „тројката“, укинување на „понижувачките мерки“, запирање на приватизацијата и барање нови партнери, доколку ЕУ и еврозната „не ги прифатат грчките услови“.

Соочена со опасноста да остане без пари и неможејќи самата да ги сервисира своите огромни долгови, новата грчка Влада сепак ја прифати реалноста, па наместо конфликт со еврозоната, направи компромис.

Првото повлекување на Ципрас од ветувањата што ги даваше на предизборните митинзи, синоќа предизвикаа жестоки протести на ултралевичарските групи во Атина.

Група од околу 500 демонстранти, протестираше против Владата на Ципрас, со вандалско дивеење низ грчкиот главен град. Специјаланата полиција интервенираше откако демонстрантите фрлија повеќе молотови коктели и камења и потпалија десетици автомобили.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...