Раст на цените на нафтата на светските берзи

Њујорк/Лондон, 27 февруари 2015 (МИА) - Цените на нафтата денеска пораснаа на светските берзи и покрај објавувањето на податоците за рекордно ниво на нафтените резреви во САД, земјата најголем потрошувач на енергенси во светот.  

Американската лесна нафта за испорака во април на електронските трансакции пред отворањето на Њујоршката берза поскапе за 84 центи на 49,01 долари за барел, додека цената на северноморскиот „брент“ за иста терминска достава, се зголеми за 91 цент на 60,96 долари за барел. 

Денешниот раст на цените на нафата следи по вчерашниот драстично поевтинување на енергенсот, кога вредноста на американската нафта се намали за 2,82 долари, а „брентот“ за 1,58 долари.   

Вчерашнито поветинување на „црното злато“ уследи откако американското Министерство за енергетика објави дека минатата недела резервите на нафта во САД се зголемиле за 9,4 милиони барели достигнувајќи рекордно ниво за овој период од годината од 434,1 милиони барели. Експертите очекуваа нивото на американските залихи да се зголеми за 3,75 милиони барели. 

Од средниана на јуни минатата година, па до крајот на јануари, нафтата на светските берзи поевтини за околу 60 проценти, како последица на растот на глобалните резерви, намалената потрошувачка и силниот долар. Во текот на овој месец цените на нафтата забележаа благ раст, како реазултат на намалувањето на бројот на нафтени извори во САД, но аналитичаите сепак прогнозираат дека варирањето на вредноста на енергенсот ќе продолжи и во следниот период.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...