Грчки медиуми: Скопје предвреме го исплати долгот кон ММФ

Атина, 3 март 2015 (МИА) – Додека Грција се бори да излезе на крај со празен буџет и најверојатно се подготвува за нов заем од меѓународните кредитори, Македонија го отплати својот долг, и тоа 13 месеци порано.

Ова денеска го пишуваат грчките медиуми јавувајќи за предвремената отплата на долгот кон ММФ од страна на македонските власти, и во исто време ја пренесуваат изјавата на директорката на Фондот Кристин Лагард.

- Ја поздравувам одлуката на ПЈР Македонија пред време да ги отплати своите преостанати обврски кон Фондот, што го одразува подобрениот пристап на земјата на меѓународните пазари на капитал. Со нетрпение очекуваме да го продолжиме блискиот и конструктивен дијалог со македонските власти, истакна Лагард.

Во Грција се информира дека отплатата на последната рата од кредитната линија за претпазливост, вредна 174 милиони долари, е завршена на крајот од февруари, односно 13 месеци пред крајниот рок во март 2016 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...