Економијата на Бугарија трпи загуби поради санкциите на ЕУ

и контрамерките на Русија

Москва, 5 март 2015 (МИА) - Бугарската економија трпи загуби поради антируските санкции на ЕУ и контра мерките на Русија и бугарската Влада не е задоволна од оваа ситуација, изјави бугарскиот вицепремиер Ивајло Калфин, пренесува БТА. 

Калфин е на средба во Москва со претседателот на комитетот за меѓународни прашања во Советот на федерацијата Константтин Косачов. 

Според Калфин може да се зборува за завршување на тешкиот период во односите меѓу Русија и ЕУ само по регулирање на ситуацијата во Источна Украина. - Бугарија секогаш зазема и зема став дека ситуацијата во Источна Украина треба да се реши и дека сите треба да учествуваат во тоа, истакна тој. 

Калфин, исто така, нагласи дека за Бугарија Русија е многу важен партнер, а односот кон Русија во Бугарија на ниво на обичен граѓанин е многу топол и пријателски.

Косачов нагласи дека Бугарија менувајќи ја геополитичката ориентација кон НАТО и ЕУ, може да има во оваа организација сопствена улога во контекст на односите на организацијата и Русија. - Според нас засега тој потенцијал на Бугарија во голем степен не се користи и со жалење можам да кажам дека тоа се покажа како пречка на патот за реализирање на проектот Јужен Поток, заклучи рускиот сенатор. 

Бугарскиот вицепремиер Калфин, истакна дека Бугарија не гледа алтернатива на испораката руски гас за Европа. - Сега Европа се стреми кон ограничување на доставата на руски гас, но моментално тој нема алтернатива. Тоа не е само моја позиција, тоа е позиција на владата на Бугарија, нагласи Калифан.

Калифан, исто така, додаде дека не гледа економска потреба од намалување на испораките на руски гас во Европа. - Моментално Русија доставува околу 40 проценти од целокупниот гас во Европа, а во земјите од Централна и Источна Европа дури 80 проценти, истакна Калифан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...