Жените заработуваат 16 % помалку од мажите

Брисел, 5 март 2015 (МИА) - Во 2013 година, родовата разлика во платите во Европската унија изнесувала 16,4 проценти во корист на мажите, при што истата е помалку од пет отсто во Словенија и повеќе од 20 проценти во Естонија, Австрија, Чешка и Германија.
 
Ова, како што јавува дописникот на МИА од Брисел го покажуваат денеска објавените податоци на Европската канцеларија за статистика (Евростат), а по повод Осми март, меѓународниот Ден на жената.


- Половиот јаз во платите претставува разлика меѓу просечната бруто-заработувачка на час за платите на машките вработени лица во однос на платите на жените, како процент од просечната бруто-заработувачка на час. Разликите меѓу жените и мажите на пазарот на трудот не се однесуваат само на разликата во плата, туку, исто така и во однос на нивните занимања – наведуваат од Евростат.

Иако претставуваат 46 отсто од вработените лица, жените биле
недоволно застапени меѓу менаџерите и само една третина од нив биле жени во 2013 година во ЕУ. Жените, според овие податоци, се повеќе застапени меѓу работниците за техничка поддршка, како и во сервисот за продажба и сметководство. А, јазот меѓу мажите и жените на пазарот на трудот е исто така значаен и во однос на видот на вработувања. Во 2013 година, една од три вработени жени (31,8 проценти) работеле со скратено работно време, во споредба со помалку од еден на десет мажи (8.1 отсто).
 
Овие податоци на Евростат се само мал дел од големата количина на податоци за поделба на пол во однос на работната состојба во Европската унија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...