ЕЦБ обвинета за уништување на економијата и банкарскиот систем на Кипар

Никозија, 5 март 2015 (МИА) - Асоцијацијата на поранешните акционери на Банката на Кипар соопшти дека Европската централна банка (ЕЦБ) и нејзиниот претседател Марио Драги имаат одговорност за уништување на економијата и банкарскиот систем на островот.

- Цел Кипар настрада од вашите одлуки. Вие фактички ја уништивте економијата на Кипар и неговиот банкарски систем, користејќи лажни оправдувања, како обвинувања за перење пари, иако знаете дека во многу други земји од ЕУ перењето пари продолжува како досега, се наведува во денеска објавеното отворено писмо, чии автори наведуваат дека меѓу жртвите на дејствијата на ЕЦБ се и 88.000 поранешни акционери на Банката на Кипар.

Во документот се нагласува дека за време на должничката криза во март 2013 година, ЕЦБ донела одлука за „кастрење“ на депозитите и продажба на филијалите на кипарските банки во Грција за многу ниска цена. Поранешните акционери сметаат дека овие мерки се поакжале катастрофални за банкарскиот сектор и економијата на островот и довеле до загуба на милијарди евра.

Неколку илјади луѓе вчера протестираа во Никозија против ЕЦБ и политиката на строга економија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...