Доделени 70 решенија за дивоградби во Велес

Велес, 6 март 2015 (МИА) -  Над 70 решенија за легализација на дивоградби во општина Велес денеска врачи министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски заедно со градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев.
 
Во обраќањето пред присутните министерот Јанакиевски потенцира дека ова е добар процес бидејќи граѓаните кои пред десет, дваесет триесет и повеќе години ги граделе своите куќи сега имаат можност да ги запишат во имотен лист и да добијат тапија, а со тој имотен лист можат легитимно да го предаваат имотот на своите поколенија.
 
- Воедно со ова имаат можност и да си земат кредит за било какви инвестиции, ова е прв чекор, а доколку објектот е изграден на земјиште на Република Македонија исто така може да го приватизираат по едно евро. Ова е можност граѓаните да си ја запишат сопственоста на земјиштето и објектите во катастар и да си имаат имотен лист, истакна Јанакиевски.
 
Министерот информира дека во  Велес се легализирани околу 2.800 објекти со што општината претставува една од оние кои имаа најмнугу легализации до сега.
 
- Пред една недела околу  36 проценти од барањата што се доставени до институциите се веќе легализирани објекти  или околу 116 илјади објекти се веќе легализирани. Ја користам оваа прилика до сите граѓани и компании да достават геодетски елаборати до 31 декември годинава бидејќи некаде околу 160 илјади предмети се без геодетски елаборати, рече Јанакиевски.
 
Потсети дека со измените на Законот за катастар на недвижности, а согласно нивната програма сите семејства кои примаат социјална помош и се лица со ниски примања, Агенцијата за катастар на нивно барање ќе им изготви бесплатни геодетски елаборати.
 
Според Јанакиевски, околу илјада граѓани од овие социјално ранливи категории веќе добиле бесплатни елаборати од Одделенијата на катастарот во сите градови во земјава. Потенцира дека тимови на Центрите за социјални работи ги посетуваат домовите на овие лица и ги информираа за ваквата можност.
 
Градоначалникот Славчо Чадиев информира за 2.400 предмети со барања за легализација не се доставени геодетски елаборати.
 
-За акцијата да тече непречено ние од општната имаме примено девет вработени, а планираме и да ја зголемиме екипата со нови вработувања. Нашите екипи одат од куќа на куќа за да им појаснат на граѓаните  дека треба да достават елаборат, а воедно  ги информираме и за бесплатен елаборат за оние кои се социјално загрозени семејства, истакна Чадиев.
 
Во Велес од досега изработените решенија за легализација на дивоградби, околу 90 проценти се индивидуални семејни куќи за живеење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...