Скопскиот аеродром меѓу најдобрите 10 во источна Европа

Скопје, 24 март 2015 (МИА) - Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, за чиишто операции е одговорна „ТАВ Македонија“, обебзеди мсто меѓу најквалитетните 10 авиопристаништа во источна Европа на прогласувањето на Светските аеродромски награди „Скајтракс 2015“.

На доделувањето на наградите „Скајтракс“ во рамки на 21-тиот Саем за аеродромски услуги - Passenger Terminal Expo, што се одржа во Париз, скопскиот аеродром е прогласен за деветтиот најдобар аеродром во источна Европа. Во 10 најдобри се и аеродромите во Будимпешта, Талин, Киев, Рига, Белград, Тбилиси, Софија, Братислава и Варна.  

- Вбројувањето на Скопскиот аеродром во топ 10 на источна Европа е особено значајна потврда за нашата работа бидејќи „Скајтракс“ е организација која што на глобално ниво ги истражува, следи и мери реакциите и задоволството на патниците од аеродромите. Оваа награда, како и претходните што две години по ред ги добивме од Меѓународниот совет на аеродроми, е уште еден силен сигнал дека имаме соодветно формулиран пристап во поглед на квалитетот на услугите и визија тие постојано да се подобруваат, а сè со цел нашите редовни корисници, патниците, да можат максимално да уживаат во патувањето, изјави Зоран Крстевски, генерален директор на „ТАВ Македонија“.

Според официјалната интернет-страна на манифестацијата, за нејзините потреби биле пополнети над 13 милиони прашалници од граѓани од 112 различни националности во периодот од мај 2014 до јануари 2015 година. Истражувањето опфатило 550 аеродроми во светот. Со него биле проверени искуствата на патниците во поглед на аспекти како чекирање, пристигнување, трансфери, шопинг, безбедност и други услужни сегменти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...