Најновите трендови на мебел изложени на „МЕБЕЛ 2015“

Скопје, 24 март 2015 (МИА) - Од денеска на Скопскиот саем почна најпосетуваната и најголемата саемска манифестација „МЕБЕЛ 2015“.



Годинава првпат на 16.000 метри квадратни во 10 хали ќе бидат претставени над 10 илјади парчиња мебел. Околу 400 домашни и странски компании ќе ги претстават најновите трендови на мебел и дизајн.  

- На саемот ќе бидат претставени најновите дизајни на мебел за спални соби, дневни, кујни, купатила и работни простории, како и совети за надворешно хортикултурно уредување. Годинава е најголемиот саем што сме го организирале и е опфатен целокупниот капацитет на саемот, изјави Магдалена Хамбова, проект менаџер од Скопски саем.



За изложувачите традиционално е организиран конкурс за најдобри експонати на саемот по различни категории, а изборот ќе го прави стручна комисија од професори од Факултетот за дизајн и технологија за мебел, Архитектонски факултет, како и претставници на Асоцијацијата на архитекти, Министерство за економија и Кластерот на дрвна индустрија на Македонија.

Организаторите очекуваат МЕБЕЛ 2015 да има околу 50.000 посетители кои ќе имаат шанса да го уредат својот дом, а од изложувачите да си овозможат и големи попусти, но и да станат потенцијален добитник на новата Опел Корса од наградната игра приредена за посетителите.

Саемот ќе трае до 29 март, а за посетителите ќе биде отворен од 10 до 20 часот, а во недела до 17 часот. Цената на влезницата е 100 денари, а за групни посети и за студенти овозможен е попуст од 50 проценти.

Во рамки на саемот во Управната зграда на Скопскиот саем отворена е и изложба на браќата Урдин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...