1,2 милијарди евра

Грција нема право на фондот за спас на ЕУ

Атина, 25 март 2015 (МИА) - Министрите за финансии на земјите-членки на Еврогрупата одлучија дека Грција нема законско право на 1,2 милијарди евра што ги врати во спасувачкиот фонд на еврозоната и за кои тврди дека првобитно ги издвоила од сопствените парични резерви за докапитализација на банките, јави дописникот на МИА од Атина.

- Се сложивме дека Грчкиот фонд за финансиска стабилност (ХСФС) не преплатил во Европскиот фонд за финансиска стабилност (ЕФСФ), изјави претставник на Фондот.

Кога новата грчка Влада на 20 февруари потпиша договор со Еврогрупата за четиримесечно продолжување на програмата за финансиска помош за Атина, се согласи на ЕФСФ да му врати 10,9 милијарди евра кои останаа во рамките на грчкиот фонд за спас на домашните банки.

Грчкиот фонд за финансиска стабилност во периодот меѓу 2012 и 2014 година, во рамките на пакетот меѓународна помош за земјата, доби 48,2 милијарди евра за докапитализација на банките. Со оглед на тоа што парите добиени од ЕФСФ беа во форма на обврзници, Грција исто така искористи 1,2 милијарди евра сопствени парични резерви од Националниот фонд за докапитализација на банките. Поради таа причина, официјална Атина смета дека тие пари треба да и бидат вратени, затоа што не произлегле од ЕФСФ.

Со оглед на фактот што е во трка со времето, а паричните резерви се се помали, Грција очекува брза исплата на последната рата од 7,2 милијарди евра од пакетот меѓународна помош, за што има рок до понеделник да достави список со реформи до своите кредитори - Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд.

Во меѓувреме, Европската централна банка (ЕЦБ) ја крена горната граница на механизмот за итна ликвидна помош ЕЛА со што им овозможи на грчките банки да повлекуваат средства од централната банка на земјата до над 71 милијарди евра. Претходниот лимит беше 69,8 милијарди евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...