Проект за вработување лица со попреченост

Велес, 26 март 2015 (МИА) - Во медиотеката на локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес, УСАИД во соработка со општина Велес ќе го организира четвртиот регионален промотивен настан на кој ќе бидат претставени проектните активности и успешните приказни на лица со попреченост кои се вработиле или добиле практикантски ангажман преку проект на оваа меѓународна организација.

Поканети се претставници од општините од Вардарскиот регион, како и од компании, невладини организации и јавни институции.

Проектот на УСАИД за практикантска работа и вработување на лица со попреченост има за цел да ја зголеми социјалната инклузија и учеството на лицата со попреченост во целните региони поддржувајќи го нивното вработување и зголемувајќи ги економските можности.

Ова цел се остварува со подобрување на нивните вештини за вработување преку организација на пракси и обуки, како и учество во кампањи за подигнување на јавната свест со што ги прави овие прашања повидливи за приватниот сектор и локалните заедници.

Проектот започна во август 2012 година и ќе трае четири години. Помошта од проектот е наменета за лицата со попреченост од Скопје, Велес, Куманово, Штип, Пробиштип, Свети Николе, Тетово, Гостивар, Струга, Дебар и Кичево.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...