Претставничкиот дом на САД го усвои буџетот за 2016.

 Вашингтон, 26 март 2015 (МИА) - Претставничкиот дом на САД ја усвои вчера резолуцијата за буџетот за следната година, со кој е предвидено намалување на трошоците за социјалните и здравствените програми. 

Буџетот за 2016., кој беше предложен од републиканците, во висина од околу 3,800 билиони долари предвидува целосно укинување на американскиот дефицит до 2024 година, а кој лани достигна 2,8 отсто од БДП.

Претставничкиот дом го усвои буџетот со 228 гласови „за“ и 199 „против“. Сите демократите гласаа против. Сенатот планира да усвои своја верзија на буџетот до крајот на неделата. Потоа двете верзии ќе треба да бидат усогласени.

Необврзувачката буџетска резолуција е документ, со кој се одредуваат насоките за донесување закони за финансии, со кои се определуваат точните средства, кои ќе и бидат доделени на секоја федерална агенција.

Законите треба да бидат усвоени до почетокот на буџетската година, која почнува на 1 октомври. Секоја година донесувањето на овие закони води до судир меѓу републиканците и демократите, кои се малцинство и во двата дома на Конгресот. Демократите сепак имаат блокирачко малцинство во Сенатот. 

Буџетот предложен од републиканците, меѓудругото предвидува укинување на здравствената реформа на Обама, позната како „Обамакер“, како и скратување на некои од програмите за здравствено осигурување на најсиромашните и на лицата над 65 години.

Буџетот за воените операции во странство е зголемен, што беше побарано и од Обама, но на 96 милијарди долари, наместо побараните 58 милијарди.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...