Атина оптимист дека ќе постигне договор за реформите со еврозоната

Атина, 26 март 2015 (МИА) - Атина е оптимист во врска со постигнувањето договор за економските реформи со своите колеги од еврозоната на почетокот на следната недела, со што ќе се деблокираат итно потребните финансиски средства.

- Верувам дека на почетокот на следната недела ќе имаме договор за пакетот реформи кои ги предлага грчката Влада, како и за финансирање на земјата, изјави грчкиот министер за економија Јоргос Статакис за телевизијата „Антена“.

По минатонеделните разговори со лидерите на ЕУ, вклучувајќи ја и германската канцеларка Ангела Меркел, официјална Атина вети дека до понеделник ќе претстави пакет реформи во надеж дека ќе се деблокира помошта и ќе се избегне банкрот.

Сепак, Статикис не прецизираше кога ќе биде испратена листата.

Реформите се чувствително прашање за левичарска Влада на премиерот Алексис Ципрас, која дојде на власт во јануари, ветувајќи дека ќе стави крај на политиката на штедење. Се уште не е познато дали тие ќе ги вклучуваат мерките договорени од страна на претходната конзервативна Влада, како што се приватизацијата и реформите во пензискиот систем.

Претставници на Еврозоната јасно и дадоа до знаење на Атина, која од 2010 година преживува со финансиска помош од 240 милијарди евра од ЕУ и ММФ, дека нема да добие понатамошна помош се додека реформите не бидат одобрени од страна на министрите за финансии на еврозоната.

Грчките и светските медиуми, повикувајќи се на извор запознат со финансиската состојба на Грција, деновиве јавуваат дека Атина ќе снема пари на 20 април.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...