НБРМ ќе издаде ковани пари од 10 денари за колекционерски цели

Скопје, 26 март 2015 (МИА) - Советот на Народната банка на Република Македонија денеска усвои одлуки за издавање и за пуштање во оптек на 7.000 парчиња ковани пари за колекционерски цели „близнаци’’ и „рак’’ од серијата „хороскопски знаци’’. Кованите пари „Близнаци’’ и „Рак’’ се со апоен од 10 денари.

На седницата на Советот е усвоен Извештајот за работењето на внатрешната ревизија за 2014 година, при што е констатирано дека Дирекцијата за внатрешна ревизија целосно ја спровела програмата за работа. Во 2014 година се извршени  18 редовни ревизии на 35 работни процеси, при што за утврдените наоди се дадени 61 препорака за подобрување на системот на интерни контроли. На редовна квартална основа се следело спроведувањето на дадените препораки и сознанијата од извршените следења укажуваат на тоа дека препораките главно се почитуваат и се остваруваат во зададените рокови. Нивото на остварување на дадените препораки во 2014 година е исполнето со 96,4 проценти, соопшти НБРМ.

Советот на НБРМ усвои и нов Правилник за истражувачка активност, кој овозможува натамошно унапредување на рамката за истражувачката активност и нејзино усогласување со светските практики. Правилникот обезбедува средина во која се стимулира истражувачката активност и ги поттикнува вработените за објавување трудови во меѓународни списанија со фактор на влијание, во функција на натамошно зајакнување на институционалниот капацитет и поширока промоција на институцијата, се вели во соопштението.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...