Земјоделски саем во Кавадарци

Кавадарци, 26 март 2015 (МИА) - Мини саем за хемиски  препарати, опрема и механизација за земјоделството се одржува од денеска на плоштадот во Кавадарци.

- Целта на манифестацијата е на едно место да ги собереме производителите и дистрибутерите на пестициди и заштитни средства, ѓубрива, расаден материјал, опрема и механизација за обработка на земјоделски култури, системи за наводнување, опрема и средства за производство и чување на ракија и вино, кои ќе се промовираат пред тиквешките земјоделци, изјави Јован Еленов, претседател на Здружението „Винотек“ - организатор на саемот.

На дводневниот саем е најавено тематско предавање  „Патот на успехот за добро вино“ на професор доктор Ѕвонко Божиновиќ  од Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.

 - Саемот е можност да се видат најновите трендови во аграрот кога се во прашање опремата за обработка на земјата, заштита на растенијата и зголемување на приносите во земјоделството. Веруваме дека овде ќе се воспостават бројни контакти кои во иднина ќе ја унапредат земјоделската дејност и подобрат економијата во државата, вели Еленов.

Настанот ќе биде збогатен и со културно уметничка програма.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...