УЈП отвори нов шалтер за радиодифузна такса во зградата на МРТ

Скопје, 26 март 2015 (МИА) - Со цел подобрување на услугите кон обврзниците на радиодифузна такса започна да функционира специјализиран шалтер на Управата за јавни приходи за давање на услуги поврзани со РДТ, лоциран на приземјето во зградата на Македонската радиотелевизија, соопшти денеска УЈП. 

Оттаму посочуваат дека со отворањето на овој шалтер, кој почнал да финкционира од 23 март, граѓаните и фирмите ќе можат на една локација да ги користат услугите за РДТ на двете институции, на УЈП надлежна за утврдување и наплата на радиодифузната такса и на ЈП Македонска радиотелевизија (МРТ) надлежна за исправка и ажурирање на адресни и матични податоци на обврзник за радиодифузна такса.

- Целта на отворањето на Даночниот шалтер за РДТ, кој ќе работи секој ден од 08.30 до 18.00 и во саботите од 08.30 до 14.00 часот, е побрзо и поефикасно постапување по барањата и разрешување на состојбите со кои се соочуваат обврзниците на радиодифузна такса, како на пример издавање на копија од решение за РДТ (изгубено или непримено решение), доставување докази од обврзниците за извршени уплати со цел прекнижување, затворање на заостанатите долгови во решенијата или опомените кои им ги доставила УЈП, издавање на аналитичка картица и други услуги и информации поврзани со евиденцијата на РДТ, плаќањето и постапките за наплата кои ги спроведува УЈП, се вели во денешното соопштение од Управата за јавни приходи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Едно утро се шета Милошевиќ низ затворскиот двор во Хаг, А сонцето му вели:
- Добро утро хероју српски, миротворецу најголем, ослободителу наш... (овој се дуе ли се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
1421.- Повеќе од 100.000 луѓе се удавија кога...
1492.- Кралската двојка на Шпанија (тогашна...
1790.- Во Филаделфија умре Бенџамин Франклин,...
1894.- Роден е рускиот државник Никита Сергеевич...