ММФ за 100 милиони долари го намали долгот на земјите зафатени со епидемијата од ебола

Вашингтон, 26 март 2015 (МИА) -  Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денеска соопшти дека го завршил планот за околу 100 милиони долари да го намали долгот на трите африкански земји, кои се зафатени со епидемијата од ебола, пренесоа француските медиуми.

На почетокот на февруари ММФ го создаде механизмот за справување со катастрофи во државното здравство, што ќе му овозможува да прости приближно една петина од долгот кој треба да му го вратат Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја.

Оваа финансиска институција денеска соопшти дека го завршила овој план, одобрувајќи и на Гвинеја неповратно кредитирање од 29,8 милиони долари, што се додаваат на 29,1 милиони долари доделени на Сиера Леоне и 36,5 милиони доари на Либерија за олеснување на нивното должничко бреме.

Истовремено ММФ од 130 на 290 милиони долари ја зголеми вкупната сума на заеми со нула камати, доделени на овие земји во рамки на класичните програми за помош, што се обврзани со економски реформи.

ММФ неодамна беше критикуван од невладини организации и научници затоа што во 80-те и 90-те години од минатиот век во западна Африка наметнал строги мерки на ограничувања на државните пари, ослабувајќи ги на тој начин системите за државно здравство, создавајќи опасност од полесно ширење на епидемиите, како што е еболата, потсетуваат француските медиуми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...