Конференција за заштита на квалитет на традиционални производи

Скопје, 27 март 2015 (МИА) - Буламач од Малешевијата, мариовско биено сирење, крушевски колбаси, вино од станушина од Тиквеш, колешински кикиритки, наутлија, зелник, тараненик, јајчаник, морозна погача, дроп сарма, пашино ќофте, рвенија, свадбинска алва, р`чели, тиквеник, се само некои од македонските специјалитети што ќе бидат презентирани денеска на конференцијата „Заштита на квалитет на традиционални производи“ што ја организира Слоу фуд Македонија во Кавадарци.

На конференцијата ќе стане збор за Заштитената ознака на потекло (ЗОП) како алатка за додадена вредност на квалитетот на производите и можностите за развој на руралните средини, за националната регулатива за ЗОП и нејзината примена во пракса, како и за поврзувањето на луѓето, местата и производите преку одржливи географски ознаки. Презентирани ќе бидат и искуствата на ФАО за оваа проблематика.

Предвидено е и претставување на разноводноста на прехранбените македонски производи кои треба да се зачуваат и промовираат, како и на алатките на Слоу Фуд за заштита и промоција на локалниот биодиверзитет на храна и јакнење на локалните заедници во руралните области (Арка на вкусови и Слоу Фуд Президиуми). 

- Во Република Македонија се зголемуваат општествените очекувања и барањата на потрошувачите за храна и земјоделски производи кои носат одреден знак за квалитет, а кој ги детерминара и потеклото, како и традицијата на производство. Промовирањето и зачувувањето на вакви производи чиј квалитет е базиран на потеклото може да придонесе за руралниот развој, зголемување на разновидноста на храна и избор за потрошувачите, велат од Слоу фуд Македонија.

Според здружението, Македонија има голем потенцијал за развој на руралните средини токму преку зачувувањето на типичните, традиционални производи. Поради тоа, сите засегнати, заеднички, треба да им помогнат на производителите да успеат во намерата да продолжат да живеат во нивните области, но да продолжат и со производство според рецептите зачувани со генерации.

- Алатките кои се на располагање треба да се искористат за да се добијат најдобри резултати на терен. Заштитeна ознака на потеклото (ЗОП), Заштитената географска ознака (ЗГО) и Гарантираниот традиционален специјалитет (ГТС) се едни од најефикасните за оваа намена кои ги користат земјите од ЕУ. Водени од ова искуство, нашето Министерство за земјоделство подготви национална регулатива за ова прашање, но до сега не е пошироко имплементирана во земјата, посочуваат од Слоу фуд Македонија.

Здружението повеќе од пет години работи на заштита на локалниот биодиверзитет и традициите на храна. Вкупно 75 локални автентични производи се мапирани, опишани и поголем дел од нив се внесени во меѓународниот каталог Арката на вкусови, а се развиени и четири проекти за развој на Президиуми – здруженија на производители кои заедно се грижат за продолжување на традицијата на производство на одреден автентичен производ.

На денешната конференција Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Слоу Фуд Македонија ќе иницираат дијалог со авторитетите, производителите, здруженијата и експертите со цел да се разгледаат можностите за поефективна имплементација на регулативата за ЗОП, ЗГО и ГТС во Македонија. Конференцијата воедно ќе им овозможи учесниците да стекнат теоретско знаење, да разменат искуства, да дебатираат, да дадат предлози и идеи за формирање платформа за долготрајна соработка на сите засегнати страни, велат од Слоу фуд Македонија.

Присутните ќе имаат можност да погледнат и изложба „Македонските производи промовирани од Слоу Фуд низ објективот на познатите фотографи“, како и да бидат дел од „Арката на вкусови патува низ Тиквеш“.

Конференцијата се организира со поддршка на Министерство за земјоделство, ФАО и Слоу Фуд Интернационал, а ќе ја отвори градоначалникот на Кавадарци Александар Панов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...