Продолжува инвестирањето во изградба на експресни и регионални патишта во источна Македониј

Штип, 27 март 2015 (МИА) - Покрај изградбата на автопатската делница Миладиновце-Свети-Николе-Штип и реконструкцијата на патниот правец Велес-Кадрифаково, во април почнуваат и градежните работи за изградба на патната делница Карбинци-Зрновци-Виница, а кон средината на годината треба да почне и изградбата на експресниот пат Штип-Кочани, најави денеска премиерот Никола Груевски на денешниот народен митинг што се одржа во Штип.

Ова, рече тој, се работи кои секој ги гледа, како што се гледа и веќе отпочнатата изградба на автопатска делница Миладиновци – Свети Николе – Штип, во должина од 47 км инвестиција која ќе биде завршена 2017 година и ќе биде капитална за цела источна Мкаедонија.

Истовремено додаде, вршиме и реконструкција и рехабилитација на патниот правец Велес – Кадрифаково, со вкупна должина од 26 км во висина од 14 милиони евра, што ќе биде завршено до крајот на оваа година.

- Кога сме кај патната инфраструктура, сакам да истакнам неколку битни работи за целиот регион. Во април почнуваме со градежни работи за надградба на патната делница Карбинци- Зрновци-Виница во должина од над 10 километри и вредност од околу 1 милион евра. Обезбедивме финансии во вредност од 43 милиони евра за изградбата на експресен пат Штип – Кочани, како комплетно нова траса со четири ленти во должина од 26 километри. Почетокот на градежните работи започнува во втората половина на годината и комплетно ќе се реализира до 2017 година, истакна премиерот Груевски.

За патниот правец Кочани, Каменица, Делчево, кој е во должина од 30 километри, како што информира, кон крајот на годината се започнува со градежни работи за темелна реконструкција и модернизација на патниот правец, со проширување на кривините и исправање на критичните точки на патот и ова е инвестиција во вредност од 10 милиони евра.

- Правиме напори и во длабока фаза сме на обезбедување на средства во висина од околу 60 милиони евра за изградба и на експресниот пат од Штип до Радовиш, со четири ленти, и должина од околу 40 километри, и ако се оди како што треба планот е кон крајот на годината да се започне со релаизација и на оваа инвестиција, рече Груевски.

Посочи дека во овој регион досега само во изминатите четири години реконструирани, реновирани и модернизирани се 42 локални и регионални патни правци, во вкупна должина од 127 километри и вкупна инвестиција од околу 14 милиони евра само за локални и регионални патишта.

-  Се реализираат и се во фаза на реализација и проектите во висина од 5,8 милиони евра за изградба и реконструкција на патната инфраструктура во истокот, обезбедени од Светската банка и Европската Банка за обнова и развој, од кои само за Штип се наменети 1,4 милиони евра. Пред десетина дена започната е и изградбата на гасоводната мрежа, од Клечовце до Штип во должина од 60 километри и инвестиција од 75 милиони долари. Проект кој е од особена важност за стопанството но и за граѓаните, бидејќи можноста за користење на гасот во домаќинствата, ќе значи пониски сметки за струја и пониски сметки за греење, рече Груевски.

Најави дека ќе се продолжи и со инвестициите за изградба на водоводна и комунална инфраструктура во овој регион.

- Во Виница, отпочната е реконструкција на водоводна мрежа во селото Блатец која очекуваме да заврши во септември. Во Кочани, во тек се градежни зафати за одвојување на фекалната од атмосферска канализација кои ќе завршат до јуни. Во Пробиштип, во јуни ќе почне процес на подобрување на системот за водоснабдување, а во октомври-ноември изградба на водоводна мрежа и канализација. Во Свети Николе и во Пехчево, во септември-октомври започнува изградба на канализации. Во Берово, во јуни-јули отпочнуваме со изградба на дел од главен колектор за викенд населбата Беровско езеро, а во август и септември со изградба на водоводна мрежа за село Ратево, информира Груевски.

Додаде дека сите заедно, само овие проекти вредат околу 3 милиони евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...