Собранието расправа по дополнетиот предлог на Законот за водостопанство

Скопје, 30 март 2015 (МИА) - Собранието на Република Македонија по редовната пауза, попладнево ќе продолжи со расправа по дополнетиот предлог на Законот за водостопанство, во рамки на 41.седница.

Дополнителниот предлог на Законот за водостопанство, за пратеникот Љупчо Димовски е сериозен закон затоа што, рече, се предлага формирање ново АД за Водостопанство на Република Македонија, кое ќе има надлежност покрај наводнувањето на земјоделските површини, како и овластувањето за изведување односно за одведување индсутриски води и за чистење на речните корита. Тој напомена дека Македонија има добро развиена каналска мрежа за наводнување од околу 1.000 километри, од кои Владата има исчистено над 650 километри каналска мрежа. Според него, со формирањето на новото АД се врши централизирано управување со водите во Република Македонија, во делот на наводнување, одводнување, одведувањето и чистењето на речните корита, бидејќи е потребна добра организација и менаџирање со опремата со која располагаат водостопанските претпријатијата, но и со онаа опрема и механизација која треба да се набави. Инаку, за функционирањето на новото АД за Водостопанство на Република Македонија, чии подружници ќе бидат веќе постоечките, како што беше речено на седницата, се предвидени 220 милиони евра за следните 10 години.

Една од забелешките од пратениците на ДУИ на дополнетиот предлог на Законот за водостопанство, како што рече пратеникот Реџаиљ Исмаили, е плаќањето на надоместокот за системот за наводнување на земјоделската површина и за оние земјоделците кои не го користат. Ставот на пратеничката група на ДУИ е оваа такса односно надоместок дека не треба да постои, затоа што со овој предлог се поскапува земјоделскиот производ.

Пратеникот Рамиз Мерко меѓу другото смета дека основање ново АД за Водостопанство е против земјоделското производство, а ќе го преземе и правото за менаџирање со речните корита, затоа побара овој Предлог-закон за водостопанство да се повлече и да се изготви подобар. 

Претходно, пратениците ја усвоија одлуката за дополнување на Одлуката за основање пратенички групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничкиуте групи на Собранието за соработка со парламенти на други држави. За претседател на пратеничката група за соработка со парламентот на Полска е избрана пратеничкиата Роза Топузевска Каревска.

Пратениците го прифатија и дополнувањето на Одлуката за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарната димензија на Централно европската иницијатива. За шеф на македонската собраниска делегација беше именуван пратеникот Александар Николовски. Инаку, оваа година Република Македонија е претседавач со ЦЕИ, во чии рамки се најавени значајни активности на Собранието на Република Македонија.

На седницата е усвоена и одлуката за изменување на Одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“. За член на Одборот за доделување на државната награда е избран професорот од Филозофскиот факултет, Ванчо Георгиев.

Собранието ги донесе и измените и дополнувањата на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, на Законот за управување со отпад, како и на Законот за санитарната и здравствената инспекција.

По скратена постапка Собранието ги донесе и измените на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи. Согласно измените рокот за почеток на аплицирање за новиот начин за продажба и набавка на движни и недвижни ствари на државните органи почнува од 1 мај 2015 година. 

На дневниот ред на 41-та седница се и измените и дополнувањата на Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија, на Законот за Судскиот совет и за Предлог законот за јавнообвинителска служба, како и на Законот за здравственото осигурување, на Законот за земјоделски задруги и измените на Законот за хидрометеоролошка дејност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...