Инструктори од Словенија едуцираа невработените жени во Велес

Велес, 31 март 2015 (МИА) - Инструктори од невладината словенечка еколошка организација „Сметумед“ денеска во Регионалниот креативен центар во Велес ги едуцираат жените вклучени во проектот на Фондација „Фокус“ за економско јакнење на жените од Вардарски регион.

Првата група од петнаесет жени од Градско, Лозово и Свети Николе беа обучувани за употребата на рециклираниот материјал во создавање на нови производи.

Маја Модријан и Маја Ријавец од Еколошката организација „Сметумед“ од Љубљана на прес - конференција потенцираа дека се задоволни што и во Македонија се реализира ваков проект.

Модријан појасни дека ги обучуваат жените од старите предмети да создадат нови и така да заработат за егзистенција. Жените вклучени во проектот работат со различни материјали: картонски кутии, стари чадори, стара кошули, табли за јајца и уште многу други амбалажи, кои секојдневно ги фрламе во смет, а од кои можат да се изработат прекрасни, нови предмети.

- Ние од Словенија им донесовме полни куфери со производи создадени од рециклирани материјали со кои сакаме да ги едуцираме и тие да создаваат вакви производи. Сакаме да ги поттикнеме да размислат за своја идеја и да создадат нов и убав производ, а од нешто што колку и да звучи грубо претставува смет потенцира Модријан.

Словенечките инструкторки утре во Велес ќе одржат обука на жени од Кавадарци, Чашка, Демир Капија, Неготино, а задутре на жените од Велес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...