Москва, 17 април 2015 (МИА) - Руското Министерство за енергетика заедно со Грција продолжува да ги разгледува можностите за нејзино приклучување кон гасоводот „Турски поток“, изјави денеска рускиот ресорен министер Александар Новак.
- Во контакт сме со грчките власти. Вчера разговарав со грчкиот министер, истакна Новак, кој одби да коментира дали се работи на евентуално склучување на соодветен договор со Грција за „Турски поток“.
Тој, како што јави ТАСС, не одговори ниту на прашањето дали следната недела ќе отпатува во посета на Атина.