Стандард и Пурс го потврди кредитниот рејтинг на Македонија

Вашингтон, 19 април 2015 (МИА) - Стандард и Пурс ја потврди оценката за Македонија, односно го потврди нашиот кредитен рејтинг, што е добар сигнал растот на македонската економија, за добрата состојба на јавните финансии и добар сигнал за странските инвеститори, оцени вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
 
- Тоа секако е добар сигнал дека македонската економија има добар тренд на раст, дека бизнис климата е добра, дека јавните финансии се во добра состојба, и секако е добар сигнал кон инвеститорите бидејќи тие го имаат предвид рангирањето на земјите и рејтингот што го даваат реномираните меѓународни корпорации, изјави Ставрески кој учествува на пролетните средби на Светска банка и ММФ во Вашингтон.
 
Во таа насока, додаде, ова е посебно добро што потврдата на кредитниот рејтинг на Македонија се случува во време кога во Европа има ризици и кога европските земји особено нашиот сосед Грција се соочува со дилемата дали ќе успее да остане во еврозоната или ќе треба да ја напушти.
 
 
- Првпат на ова Собрание тука отворено се разговараше и за тоа дека постои и таква можност да Грција мора да ја напушти еврозоната. При што се разговараше и за позитивните и за негативните ефекти ако тоа се случи. И во тој контект се добро да се знае дека Македонија има многу постабилни услови, односно дека има пониско ниво на задолженост, дека има раст на економијата во однос на нашиот сосед и дека има карактеристики на економијата коишто и понатаму одаваат стабилност и значат дека македонската економија ќе остане во зоната на стабилни и на растечки економии, потенцира Ставрески.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...