Албанија ќе го подобрува системот за електродисттибуција

Тирана, 19 април 2015 (МИА) - Албанија годинава планира да потроши 50 милиони долари за системот за дистирибуција на електрична енергија, јави дописникот на МИА од Тирана.

Со овие пари главно ќе се набават нови струјомери, а ќе се интервенира и на електромрежата. Според податоците на Регулаторниот завод за енергетика ЕРЕ, над 80 отсто од мрежата е стара 35-40 години, системот за мерење е оштетен, кабините искршени, додека далноводите амортизирани.

- Од 171 трафостаница, 154 од нив се изградени пред 38 години. Од 45 илјади линии за пренос на стгруја 41 илјада се стари 35-40 години; од 25 илјади трансформатори 20 илјади се на „возраст“ од 34 години, додека од 24.600 електрични кабини 20 илјади се изградени пред 35 години, пренесуваат албанските медиуми повикувајќи се на податоци на ЕРЕ.

Во однос на финансиската ситуација во албанската електрокорпорација КЕШ, приходите во 2014 година забележале раст од околу 100 милиони долари. Тоа секако како резултат на акцијата што Владата која ја зголеми наплатата поради страв од одење во затвор правни и физички лица платија сметки заостанити со години. Контролите пак придонесоа да се намалат нелегалните поврзувања, а со тоа и процентот на загуба на струја во електромрежата за околу 10 отсто.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...