Кувајт, 20 април 2015 (МИА) - Кувајтските медиуми објавија дека државната компанија Кувајт Оил открила четири нови нафтени полиња.
Директорот на таа компанија, Хашим Хашим вели дека тоа откритие „ќе ја зајакне позицијата на Кувајт како меѓународен производител на нафта“.
Хашим додаде дека откритието на нафтените полиња е резултат на двегодишна истражувачка мисија. Тој рече дека едно нафтено поле содржи лесна сирова нафта што е прв извор од тој вид во Кувајт.
Не се објавени детали за големината на новите нафтени полиња кои се на север и запад во државата, членка на ОПЕК.