Формирана тајна прговарачка група со учество на Ципрас, Лагард, Јункер и Драги

Атина, 20 април 2015 (МИА) - Германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЗ) објави дека е формирана нова преговарачка група, наречена „Франкфуртска група за работни вечери“, која е создадена пред четири недели во Франкфурт среде една вечера. 

Во групата учествуваат соработници на Марио Драги, Жан Клод Јункер, Кристин Лагард и Алексис Ципрас. Средбата довела до мини самитот во Брисел кон средината на минатиот месец. Нејзината цел е да ги координира активностите на техничките екипи, со цел да може да продолжи преговарачкиот процес во Грција. 

Оттогаш „Франкфуртската група“ заседавала три до четири пати неделно, остварувајќи ја комуникацијата преку телефон, преку телеконференциска врска или со лични средби.

Според германскиот весник, новата преговарачка група имала состанок и минатата недела. Нејзините консултации биле тајни, но влијанието било почувствувано уште минатата недела, кога грчкиот премиер дал уверување дека неговата земја ќе ги почитува ветувањата дадени на ММФ, а неколку дена подоцна грчкото Министерство за финансии ги примило парите од траншата на Фондот.

Според весникот оваа преговарачка група разгледува различни опции, за да биде пронајден компромис во преговорите меѓу Атина и нејзините кредитори, кои се водат во моментов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...