Намалување на реколтата на тутунот поради поплавите

Скопје, 14 април 2015 (МИА) - Тутунската индустрија годинава бележи намалувања по однос на сите параметри. Склучени се вкупно 34.445 договори за откуп или 19 отсто помалку од лани, насадени се 14.030 хектари тутун или 30 отсто помалку, остварен е принос од 24.857 тони што е 20 проценти помалку од минатата година, а остварена е просечна откупна цена од 117,2 денари за килограм односно 24 отсто пониска од минатата година кога беше 152 денара, соопшти денеска Стопанската комора.

Намалување бележи и извозот за сметка на увозот. Посебно загрижува, како што беше нагласено, тоа што веќе 2.500 тутунопроизводители се преориентирале на друг вид култури.

- Годинава не се остварија проекциите на компаниите кои предвидуваа принос на тутун од околу 30 милиони килограми. Намалувањето на реколтата се должи пред се на временските прилики, поројните дождови и поплавите кои значително го намалија квалитетот. Ако ваквата тенденција продолжи, можно е, покрај овие 2.500 кооперанти, и други да се преориентираат во однос на дејноста, истакна Васко Ристовски од Комората.

Според него, субвенциите ги ублажуваат ударите, но и покрај тоа производителите бараат излез во одгледување други култури.

Проценките од терен покажуваат дека 20 отсто од годинашната реколта тутун е четврта класа. Количините од првата берба содржеле дури 30 проценти влага.

Откупот заврши во законскиот рок, 15 март. Во тутунската индустрија ќе се реализираат вкупно 73 милиони евра, 47,5 милиони од откупот и 27 милиони од субвенциите.

Одговорајќи на новинарско прашање, Ристовски напомена дека причините за намалениот извоз и зголемениот увоз по пониска цена треба да се бараат во легислативата бидејќи, како што додаде, тенденцијата е спротивна од целта што требала да се постигне.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...