Мегапроект кој ќе го промени светот

Побрзи железници, нови автопатишта и пристаништа треба да го поврзат целиот пазар на Европа и Азија, со вкупно три милијарди потрошувачи.

Колку порасна светското влијание, стана јасно минатиот месец: прво Велика Британија, а потоа и други големи членки на ЕУ ги шокираа САД придружувајќи се како соосновачи на Азиската банка за инвестиции во инфраструктуратља АИИБ.

Меѓутоа, во март дополнителен замав доби уште една кинеска иницијатива која може да има драматично влијание на светското стопанство, а од која Хрватска може да извлече предност ако на стратешко ниво се отвори со нови прилики, пишува Јутарњи лист.

Се работи за нов пат на свилата, голема програма со инфраструктурни инвестиции под името Еден појас – еден пат (One Belt One Road). На последното заседание на Националниот народен конгрес во март оваа иницијатива, која со еден свој крак ја допира и Хрватска, именувана е како главен приоритет на Кина, а тоа значи дека зад проектот стојат и конкретни пари. Нови автопатишта, брзи железници, пристаништа како и енергетска и комуникациска инфраструктура треба да го поврзат целиот евроазиски пазар со три милијарди потрошувачи. Копнената компонента Стопански појас по патот на свилата, треба да поврзе 20 земји од Кина до Турција, Романија и северна Европа, а Поморскиот пат на свилата на 21 век ќе ги зајакне рутите до Африканскиот рог и Суетскиот канал се до северен Јадран.

Кинезите се подготвени сами да инвестираат, нудат кредити и гаранциски фондови, а вкупните инвестиции се проценуваат на билиони долари. За почеток, Кина за меѓународните инвестиции основа нов фонд вреден 40 милијарди долари.

Крешимир Јурлин, научник од загрепскиот Институт за развој и меѓународни односи, истакна дека во Хрватска но и во цела Европска унија сразмерно постои мало внимание упатено на кинеската иницијатива, веројатно поради перцепцијата дека се работи за проект на далечна иднина.

Железница и тунели

Идејата навистина звучи футуристички и мегаломански бидејќи две компоненти од иницијативата, копнената и морската претставуваат интегриран низ на големи инфраструктурни проекти, проценети на повеќе од 20 билиони долари. Меѓутоа, не се работи само за планирана изградба на пруга или автопатишта со почеток во Кина, која за 10 или 20 години ќе заврши во Европа. Дел од тој проект веќе се остварува па Кина најави алокација на 40 милијарди долари во развојниот фонд како дел од своите вкупно планирани инвестиции. Кина исто така суфинансира конкретни проекти кои се компатибилни со инцијативата, според билатерални договори со Казахстан – истакна Јурлин.

- Според постоечките планови, двете компоненти потенцијално ги вклучуваат и нашите транзитни правци, бидејќи прекуморската завршува во Јадранот, а железничката во Турција. Повторно, не се работи за далечна иднина бидејќи на нашата јавност малку и е познато дека поврзувањето на Европа и Азија многу се интензивираше, на пример со отворањето на тунелот под Босфор во 2013 година, како и со воспоставувањето на трансевроазиската врска преку Русија која е отворена во 2011 година – наведе Јурлин.

Голема можност

Тој потенцира дека поради тоа треба стратешки да се разгледа не само фактот што пакети од Далечниот исток се побрзо ќе стигнуваат до хрватските потрошувачи и така дополнително ќе претставуваат конкуренција на хрватските трговци, туку и многу големата можност во инфраструктурните инвестиции во Хрватска и во земјите на блиското соседство.

Стин Јакобсен, главен економист на данската Саксо банка кој минатата недела престојуваше во Хрватска, вели дека мотивите на Кина се многу јасни.

- Кина останува без извозни пазари, а новиот пат на свилата на Пекинг ќе обезбеди не само трговија, туку и влијание на пазарите во цела Азија и Европа – објасни Јакобсен. Азиската банка за инфраструктурни инвестиции ќе биде клучен дел на финансирањата на инфраструктурите на новиот пат на свилата, потенцира Јакобсен и истакна дека до сега на таа банка се приклучиле над 60 земји. Меѓутоа, забележа тој, Хрватска не побарала членство.

Јутарњи лист – Загреб



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...