Варуфакис: Грција не блефира за излез од еврото ако мора да прифати уште штедење

Атина, 24 април 2015 (МИА) - Ризикот Грција да го напушти еврото ако мора да прифати уште мерки за штедење не е блеф, изјави грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис додавајќи дека никој не може да предвиди кои ќе бидат последиците од таквиот излез.

Во разговор со норвешкиот филозоф Џон Елстер направен кон крајот на март и објавен во француско списание, Варуфакис вели дека не е време да се блефира околу преговорите за долгот на Грција.

- Не можеме да блефираме повеќе. Кога велам дека ќе завршиме со тоа што ќе го напуштиме еврото, ако треба да прифатиме уште повеќе неодржливо штедење, тоа не е блеф, рекол Варуфакис.

На прашањето што ќе се случи ако Грција ја напушти еврозоната, Варуфакис се осврнува на коментарите од страна на европските политичари кои велат дека ефектот на зараза може да се избегне. Тој, сепак, додава дека верува оти последиците ќе бидат непредвидливи.

- Секој кој се преправа дека знае што ќе се случи на денот кога ќе бидеме турнати во провалија, зборува глупости и работи против Европа, истакна грчкиот министер за финансии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...