Хортикултурно уредување на кејот на Крива Река

Крива Паланка, 24 април 2015, (МИА) – Започна хортикултурното уредување на мајор коритото на двата брега на Крива Река во рамки на годишната програма на секторот Паркови и зеленило при јавното претпријатите Комуналец од Крива Паланка. 
 
Кејот на Крива Река се уредува на потегот од градскиот парк до спортскиот комплекс во општината.
 
- Вработените од секторот Паркови и зеленило интензивно работат на подготовка за раззеленување на кејската површина.  Отстранети се две постојни септички јами кои беа во близината на паркот, а тој дел е уреден со цвеќе. Истовремено се садат цвеќиња на одредени локации долж течението на  Крива Река, а планирано е поставување е уредување со фонтани. Ќе поставиме неколку украсни фонтани и повеќе фонтани за пиење вода, информира директорот на ЈП Комуналец, Томе Тодоровски.
 
Тој нагласи дека бидејќи на десниот брег од реката се наоѓа ролерско-велосипедска патека, планирано е тој дел да остане за спорт и рекреација, додека како што рече, левиот брег е предвидено да се уреди урбан дел за одмор и рекреација.
 
- На левиот брег на мајор коритото ќе бидат поставени повеќе клупи за одмор, ќе се уредат места со реквизити за деца и ќе биде поставено осветлување со околу дваесетина канделабри. Во централниот дел ќе се постават и скали кои ќе водат до шеталиштето, додаде Тодоровски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...