Винскиот туризам еден од сегментите на кој ќе се темели идниот развој

Скопје, 24 април 2015 (МИА) - Вкупниот број туристи во Македонија во последните осум години бележи раст од 40 отсто, а бројот на странските туристи се зголемил за 98 проценти. Токму на компаративните предности на земјава во делот на винскиот туризам, покрај на културниот, езерскиот, зимскиот и еко-туризмот ќе се темели идниот развој на оваа значајна стопанска гранка во Македонија.

Ова го порача министерот за економија Беким Незири на отворањето на Првата регионална конференција за вински туризам - Македонија 2015, организирана од Министерството за економија и Фондацијата Тиквешки вински пат, на која присуствуваат претставници од надлежните институции за туризмот во Македонија, Србија, Словенија, Албанија, Хрватска, Црна Гора, Италија, Франција, Португалија, Шпанија, Косово и Босна и Херцеговина.

- Во овој период успеавме да обезбедиме и зголемување на остварениот девизен прилив од туризмот што според податоците на НБРМ за 2014 година изнесува 136 милиони долари, а за првите три месеци од годинава девизниот прилив е зголемен за 18,5 проценти. Лани во туризмот се вложиле 2,3 проценти од вкупните инвестиции во земјава, а годинава се очекува растот на инвестициите да биде поголем за 10 отсто. Со овие бројки Македонија се наоѓа на седмо место на листата меѓу 184 земји од светот, рече Незири.

Тој посочи дека учеството на туризмот во македонското БДП во 2013 и 2014 година е 2,3 проценти, а се планира до 2020 година да достигне до 5 проценти.

- Визијата за туризмот на Република Македонија е да изгради имиџ на препознатлива европска дестинација базирана на културното и природното наследство, која ќе биде препознатлива по производите и услугите со предзнак на одржливост и висок квалитет. Затоа како Влада, со поддршка на приватниот сектор, креираме политики за развој на туризмот, вклучувајќи го и винскиот, потенцира Незири и ги наброи мерките кои во последниве години се преземени за развој на туризмот.

Како посебен  капитален проект го издвои Виртуелното македонско село во Нерези во кое, како што рече, се изградени 12 автентични куќи од разни региони од државава со традиционална архитектура и со низа други пропратни селски содржини за туристички цели.

- Токму оваа конференција претставува добар модел и начин за взаемна соработка и мотивација на земјите од регионот за заедничко дејствување. Верувам дека од неа ќе произлезат проекти што ќе придонесат за взаемна соработка и поврзување, како и за развој на винскиот туризам на земјите учеснички, порача Незири.

Директорката на Фондацијата Тиквешки вински пат, Виолета Јанкова посочи дека целта на конференцијата е да се раzвие винскиот туризам во Македонија, но и во сите останати држави во регионот.

- Треба да ги искористиме сите можности што ги пружаат европските фондови. Најбитна за тоа е соработката на земјитe од регионот, рече Јанкова. 

Кристофер Ибзен, заменик-регионалниот директор на Светската туристичка организација посочи дека Македонија има четири илјадна традиција на производство на вино.

- Истражував пред да дојдам тука и најдов податоци дека пред 2.300 години токму Алекснадар Македонски за време на своите походи ги снабдувал своите трупи со вино од Тиквешкиот регион. Затоа Фондацијата Тиквешки вински пат е знаменосец на едно прекрасно и импресивно наследство, порача Ибзен. 

Тој посочи дека Македонија е една од најбрзорастечките земји во Европа во областа на туризмот и приходите добиени од туризмот.

- Растежот во туризмот претставува прекрасна можност да се изложат прекрасните природни и културни богатства на Македонија, а квалитетните вина што ги произведувате само можат да придонесат за тоа. Светската туристичка организација стои позади вас и ве поддржува, нагласи Ибзен. 

Целта на дводневната конференција  е да отвори дискусија за градење ново партнерство меѓу туристичкиот и винарскиот сектор, преку заедничка соработка, која ќе придонесе кон создавање конкурентни туристички производи и  намалување на трошоците за нивна промоција на трети пазари, а со тоа и на економијата во целост. На вториот ден од конференцијата е предвидено учесниците да ги посетат винариите во Демир Капија и Музејот на виното во овој град.

Винскиот туризам во Македонија почнува да се развива од 2005 година кога почнува да работи и Фондацијата Тиквешки вински пат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...