Нестабилноста во државата може да има поразителни резултати врз бизнисот

Скопје, 24 април 2015 (МИА) - За бизнис секторот секоја нестабилност во државата било да е таа политичка или не, не е добра и може да има поразителни резултати врз економијата, изјави денеска претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија Данела Арсовска.

Одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето на меморандумот за соработка со Македонската академија на науките и уметностите, Арсовска рече дека доколку политичката криза се провлече на подолг рок тогаш последиците можат да бидат поразителни.

-  Најважно е тоа дека во ситуација на криза проектите ќе останат во фиоките и никој нема да пристапи кон развојните компоненти, рече Арсовска.

Таа нагласи дека економијата е жива материја којашто зависи не само од актуелните случувања во бизнисот, туку и од актуелните случувања во политиката.

- Во овој момент не можеме да кажеме ништо повеќе освен дека во овој случај не е добра политичката нестабилност во државата и оти нe би сакале да бидеме оние кои ќе ги видат негативните резултати во периодот којшто следи, додаде Арсовска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...