Време да се размислува за намалување на бројот на извршителите

Скопје, 24 април 2015 (МИА) - Изминатите три месеци од годинава се бележи намалување на наплатата и на бројот на предмети кај извршителите, што се должи на превентивната функција на извршувањето. Тоа значи дека можеби е време да се размислува и за намалување на бројот на извршителски места во Република Македонија.

Ова го изјави денеска претседателот на Комората на извршители на РМ (КИРМ) Зоран Петрески по потпишувањето на Меморандумот за соработка со Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер.

- Во однос на минатата година има намалување во вкупниот број побарувања, а има одредено намалување и на бројот на предмети. За изминативе три месеци од годинава веќе имаме податоци дека има поприлично големо намалување и на наплатата и на бројот на предмети коишто се јавуваат. Ова е континуирано веќе две-три години и нашата констатација е дека превентивата функција на извршувањето е на сцена, практично функционира, рече Петрески.

Во контекст на тоа додаде дека можеби е време да се размислува и за намалување на бројот на извршителски места во Република Македонија.

- Во моментов има 99 извршители во Република Македонија, а предвидената бројка е 135. Зголемувањето или намалувањето зависи од повеќе параметри, меѓу коишто е и вкупниот број барања за извршување, обемот на наплати... Статистиката покажува дека треба да се намалува бројот, бидејќи зголемувањето настана пред три години кога трендот во 2008, 2009, 2010 одеше кон нагорна линија. Значи се зголемуваа и бројот на предмети, се зголемуваше и обемот на наплата. Сега тој процес е обратен, така реално е да се очекува да се намали бројот на извршителите, нагласи Петрески.

Според него, граѓаните и фирмите се свесни дека доколку не си ги платат навреме долговите ќе бидат дадени на присилно извршување и од тие причини има навремено плаќање на долговите коишто станале правосилни и извршни.

- Кога размислувате за приходите на извршителите, треба да се размислува на приходи на канцеларии воопшто, на бројот на вработени, на одржувањето на канцеларии. Во моментов функционираат 605 вработени во канцелариите на извршители во РМ и над 5.000 метри квадрати деловен простор којшто е приватен, но е во функција на државата. Така што, одржувањето на таа машинерија подразбира и потреба од финансиски средства, рече Петрески.

Тарифата на извршителите во Македонија во споредба со регионот е многу ниска. - Така што дополнително намалување на тарифата не знам дали е воопшто потребно. Она во која насока треба да се размислува е дека при првиот повик на извршителот, или првата информација дека одреден предмет е на извршување должникот треба да се јави во извршителската канцеларија. На тој начин ќе ги избегне големите трошоци. Во првиот момент ако се јави трошоците ќе бидат за две третини помали отколку ако тоа го направи после шест месеци или после една година од првата информација дека одреден предмет е кај извршител, рече Петрески.

Потсети дека големиот наплив предмети од комунални претпријатија дојде по преземањето на старите судски предмети кои стоеја во судските депоа по неколку години, па и деценија кај извршителите. Тоа направи еден шок кај граѓаните, одеднаш се појавија долгови коишто се стари по повеќе години за коишто граѓаните веројатно веќе и заборавиле дека постојат.

- Трендот е веќе во намалување и последните предмети коишто доаѓаат од комуналната сфера кај извршителите се стари година, година и пол бидејќи комуналната сметка доколку не биде оптужена после една година таа веќе застарува, појасни тој.

Во контекст на тоа додаде дека и со акцијата на проектот на Владата за отпис на долгови одредени долгови ќе бидат отпишани, посебно во овие категории на граѓани коишто се најзагрозени.

На новинарско прашање како би ги коментирал забелешките во извештајот на Народниот правобранител за извршителите, Петрески рече дека не му е јасно после толку состаноци, толку заеднички средби и обуки со Народниот правобранител да слуша вакви изјави.

- Апсолутно, блокирањето на сметката е законска обврска на извршителот без да го извести должникот. Блокирањето на сметката не подразбира дека ќе му ги земете сите пари на должникот. Доколку должникот дојде во канцеларијата и каже дека средствата на таа сметка се од социјална помош, должникот ќе биде деблокиран, средствата ќе му бидат вратени во целост. Исто така, доколку должникот дојде со потврда дека тие средства на таа сметка се од плата ќе му биде задржана само една третина од платата додека остатокот ќе му биде вратен. Доколку докаже должникот дека веќе е блокиран на една третина од плата сите средства ќе му бидат вратени. Во овој дел апсолутно немаме проблеми, рече Петрески.

Потенцира дека годишно во Комората на извршители стигнуваат околу 200 до 300 претставки и дека имаат проблеми повеќе од доверителите во претставките, отколку од самите должници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...