Берлин се подготвува за можен банкрот на Грција

Рига, 25 април 2015 (МИА) - Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле најави денеска дека Берлин се подготвува за можен банкрот на Грција, правејќи паралела со тајноста на германските планови за повторно обединување во 1989 година.

На Шојбле на прес-конференција по состанокот со министрите за финансии на земјите од еврозоната му беше поставено прашањето дали министрите работат на „план Б“, доколку преговорите со Атина за пакетот финансиска помош доживеат неуспех.

- Не треба да ги прашувате одговорните политичари за алтернативите, рече Шојбле и наведе дека само треба да се употреби фантазијата за да се замисли што би можело да се случи. 

Тој наговести дека неговиот евентуален потврден одговор дека министрите работат на „план Б“ може да предизвика паника.

За да го појасни својот став тој направи паралела со тајноста, која била неопходна за време на првата фаза од планираното повторно обединување на Германија во 1989 година. 

- Доколку тогаш одговорниот министер, а јас бев еден од нив, кажеше однапред, имаме план за обединување, тогаш веројано целиот свет ќе речеше: „Германците целосно полуделе“, додаде Шојбле. 

На состанокот на министрите за финансии на земјите од еврозоната Грција беше остро критикувана поради одолговлекувањето со реформите, кои треба да овозможат продолжување на финансиската помош на меѓународните кредитори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...