Почна да функционира регистар на медицинска опрема

Скопје, 26 април 2015 (МИА) - Сите апарати со кои располага јавниот здравствен систем во Република Македонија се внесени во он-лајн регистар на медицинска опрема, кој е во рамките на апликацијата „Мој термин“, информира денеска на прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров.

Системот, што функционира од почетокот на овој месец, појасни тој, ги содржи сите неопходни податоци за Министерството и здравствената установа да знаат во секој момент со која опрема располага, во каква состојба е и слично. Според овој регистер на медицинска опрема, евидентирани се 7.912 апарати во целото јавно здравство во земјава во 120 јавни здравствени установи.

- За секој апарат се евидентираат видот, во кој оддел се користи, производител, модел, неговиот сериски број и тип, година на набавка на апаратот, основ на стекнување, податоци и за досегашно сервисирање... Регистарот содржи и фотографија од секој апарат со кој располагаме, истакна Тодоров.

Установите, додаде, се задолжени каков било дефект на апаратот да го евидентираат во регистарот во рок од 24 часа, а пациентите кои имаат закажан термин ќе бидат известени навреме дека не може да се реализира прегледот. 

- На овој начин ќе се избегне непотребно доаѓање на пациентите во болница кога апаратот е расипан, односно навремено нивно информирање, со цел изнаоѓање соодветно решение за потребната здравствена услуга, рече министерот.

Секоја здравствена установа има обврска да назначи одговорни лица за евиденција на медицинска опрема кои се задолжени да ја следат состојбата со опремата и нејзината функционалност. Тие имаат пристап до регистарот за навремено ажурирање на податоците.

Од 2006 до 2014 година набавени се 4.312 медицински апарати или според Тодоров околу 60 отсто од вкупниот број се набавени во овој период.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...