Работилница за регистарот на загадувачи во Македонија

Штип, 27 април 2015 (МИА) - Во Штип денеска ќе се одржи првата од трите работилници што ги организира Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Центарот за еколошка демократија „Флорозон“ за регистарот на загадувачи во Република Македонија.

Целта е да се изврши обука на претставниците од инустријата од источниот дел од државата за спроведувањето на UNECE Протоколот за регистри на загадувачи и пренос на загадувачки материи, како и за обврските за известување коишто произлегуваат од националното законодавство.

Согласно законот, секој голем загадувач кој врши дејност на територијата на Македонија има обврска да ги објавува податоците за видот и обемот на загадувањето или транспортот на опасниот отпад, а надлежното Министерство треба да ги објавува јавно тие податоци. 

Работилницата е дел од проектот „Право да знаеш - веднаш“ што е финансиски поддржан од Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...