Усвоена иницијативата на ССК за измени на Законот за архивско работење

Скопје, 27 април 2015 (МИА) - Физичките и правните лица од приватниот сектор со помалку од 50 вработени ќе бидат ослободени од законската обврска за водење на канцелариско и архивско работење, а за компании со 50 и повеќе вработени, ќе следат олеснувања, односно ќе имаат обврска да водат единствено основна евиденција.

Ова го предвидуваат измените на Законот за архивско работење што се иницирани од Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК).

- Доставената иницијатива од страна на ССК, на барање на илјадници компаниите членки, до надлежните институции, во насока на поедноставување на канцелариското и архивското работење за приватните субјекти е усвоена. На заедничкиот настан одржан на 10.03.2015 година на ССК и Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија, надлежниот министер Иво Ивановски, најави дека сме единствени кои имаат поднесено иницијатива за подобрување на начинот на функционирање на Законот за архивско работење. Истата, Владата на Република Македонија ја усвои врз основа на предложените измени, соопшти ССК.

Оттаму посочуваат дека позитивно од Законот за архивско работење е што компаниите беа запознаени за документарниот материјал и роковите на негово чување.

- Веруваме дека и во иднина како и досега, ќе продолжиме успешно да ги застапуваме интересите на компаниите и заеднички да делуваме во подобрување на условите за водење бизнис. Во изминатиот период на барање на ССК, усвоени се иницијативите за измена во законот во делот на реинвестираната добивка, задолжителна задолжница, како и останати законски измени од голема важност за компаниите, посочуваат од ССК.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...