Седница на Комисијата за труд и социјална политика

Скопје, 27 април 2015 (МИА) - Собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска ги усвои Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) за 2015 година и Предлог одлуката за давање согласност на Одлуката за висината на месечниот надомест за 2015 година што МАПАС го наплаќа од пензиските друштва.

МАПАС за годинава има планирани приходи во висина од 43 милиони 993 илјади денари, а планирани расходи во висина од 43 милиони и 166 илјади денари. Приходите во најголем дел или 40.543 денари се од месечни надоместоци од придонеси што ги наплаќа од пензиските друштва.

Членовите на Комисијата од МАПАС побараа годинава да ги намалат непродуктивните трошоци, како трошоци за бензин, мебел, такси, за телефонски сметки...

Претседателот на Комисијата Благоја Деспотовски рече дека треба да се инвестира во заштеда на енергија, во возила кои помалку трошат, како и во  професионална надградба, знаење и вештини. 

Комисијата на седницата ја усвои и одлуката за давање согласност на Одлуката за висината на месечниот надомест за 2015 година што МАПАС го наплаќа од пензиските друштва.

Надоместокот останува на законски утврдените 0,8 проценти од уплатените придонеси во сите пензиски фондови со кои управуваат пензиските друштва.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...