Договорот меѓу Грција и кредиторите ќе биде постигнат на почетокот на јуни

Атина, 21 мај 2015 (МИА) - На седница на атинската трговско-индустриска група министерот за финансии на Грција Јанис Варуфакис изрази увереност дека договорот меѓу Атина и нејзините кредитори ќе биде потпишан во првата недела на јуни, јави ТАСС. 

Договор со нашите партнери ќе има во првите денови на јуни и тоа ќе вклучува реформи, неопходни за завршување на претходната програма, а исто така и за новата програма за развој на Грција, истакна Варуфакис. 

На прашањето дали ќе учествува ММФ во новата спасувачка програма, Варуфакис истакна, дека нема никакви идеолошки проблеми во однос на учеството на ММФ. Ако фондот сака понатамошно учество, тоа ќе биде разговарано, но сметам дека е подобро договорот да биде склучен меѓу Грција и ЕУ, истакна тој. 

Грција и меѓународните кредитори треба да согласат нов план за реформи на земјата, кои ќе доведат до деблокирање на последната транша од помошта во висина од 7,2 милијарди евра и до договор за нова програма за понатамошно финансирање. 

Сегашната спасувачка програма беше договорена до крајот на минатата година, но нејзиниот рок беше продолжуван најпрво за два, а потоа за уште четири месеци и таа е валдина до крајот на јуни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...