Кина и Индија ќе обезбедат половина од средствата на новата Азиска банка за инвестиции во инфраструктурата

Сингапур, 22 мај 2015 (МИА) - Во Сингапур денеска заврши состанокот на делегации од 57 држави, кои изминативе три дена ги договараа квотите на основачките влогови на новата Азиска банка за инвестиции во инфраструктурата (АИИБ), која со почетен капитал од 100 милијарди долари ќе профункционира идната година.

Новата Банка се основа по иницијатива на Кина, а покрај поголем број држави од Азија основачи ќе бидат и Велика Британија, Франција, Германија и Италија. САД и Јапонија одбија да пристапат кон новата глобална финансиска институција, бидјки сметаат дека таа е непотребна конкуренција на водечките - Светската Банка и Азиската банка за разој, контролирани од овие две држави.

Договореното во Сингапур делегациите треба да го пренесат во своите држави, каде што треба да се верификуваат поединостите, а деталите од оваа фаза на договореното не беа достапни за јавноста.

Сепак, до медиумите беа сервирани информации дека 72 до 75 проценти од вкупниот почетен капитал ќе бидат од држави од Азија. Најголем процент во стартните 100 милијарди долари, до 30 посто ќе обезбеди Кина, а втор по големина основач ќе биде Индија, така што од овие две држави ќе дојде половина од почетниот основачки влог.

Само во државите од Југоисточна Азија, според плановите, до 2025 година во изградба на нови патишта, пруги, пристаништа и аеродороми ќе се инвестираат над 1.000 милијарди долари.

Во битката за освојување на дел од овој колач се вклучи и Јапонската национална банка која за инфраструктурни вложувања во Азија за следните пет години веќе обезбеди 110 милијарди долари.

Аналитичарите проценуваат дека Токио се уште го нема дефинитивно отфрлено своето учество во членството на АИИБ, иако официјално Јапонија изрази став дека Банката нема да биде транспарентна институција која влева доверба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...